Илинденскиот фестивалски караван денес и во Прилеп. Со почеток од 21 часот на Платото пред Центарот за култура, ќе настапат дел од учесниците на „Илинденски денови“.
Своите игри и кореографии,темпераментните танци и убавите и впечатливи носии, ќе ги претстават гостите од Порто Рико и од Словачка.
