Најновата претстава на ATO Центар од Битола, „Повик“, повторно пред публиката на 23, 24 и 25 септември и 2 октомври- 2026, во Битолскиот Завод и Музеј од 20 часот. Автор и режисер е Јован Ристовски, костимограф: Марта Дојчиновска. Во претставата играат: Марија Стефановска, Катерина Аневска, Никола Стефанов, Маја Андоновска Илијевски, Наталија Ристеска, Марија Талеска.
„ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА УМЕТНОСТА Е НАРАЧКА? “ПОВИК” е современа траги-комедија за млада сликарка која се соочува со свет во кој уметноста станува нарачка, производ и кич. Театарската претстава е активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Претставата е дополнително поддржана од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia. Партнер и логистичка поддршка -Центар за култура Битола во соработка со ЗАВОД и Музеј Битола.
Влезот е бесплатен.
Резервации: 078 430 469
Бројот е ограничен на 30 седишта.


