Home » Изложбата „Која е Супердевојката?“ на младата Вероника Кочов претставена во Битола

Изложбата „Која е Супердевојката?“ на младата Вероника Кочов претставена во Битола

by culturalchat

Во Битолската Магаза беше отворена изложбата на младата и талентирана Вероника Кочов, насловена „Која е Супердевојката?“. Преку своите дела, Вероника ја претставува сопствената уметничка визија и отвора една искрена и интересна приказна раскажана преку боја, портрет и личен израз.Изложбата е во организација на Порака Нова и НУ „Завод и музеј“ – Битола, кои со овој настан ја отворија Магазата за една поинаква и вредна уметничка приказна. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, секретарот на општината Борче Димитровски, како и директорката на Завод и Музеј Битола, Маргарета Спасов.
Здружението „Порака Нова“, во соработка со НУ Завод и Музеј – Битола, ја организираа оваа изложба на Вероника Кочов, каде повторно се отвора просторот за оние чии приказни премногу често остануваат невидливи.
„Имавме можност преку уметноста, да видиме како една девојка ни покажува како го гледа светот, а ние сме тука да застанеме, да погледнеме и да ја слушнеме нејзината приказна.Уметноста не познава граници, таа отвора простор за изразување, поврзување и разбирање. Особено сме горди што во рамки на студиската посета на проектот „Inclusive Cultural Education“, нашата организација Порака Нова со поддршка на Музеј Битола – Bitola Museum и родителите на уметницата Вероника Кочов ја инициравме и отворивме изложбата. Имавме уникатна можноста да го видиме уметнички свет преку нејзините дела, создавајќи простор во кој уметноста зборува сама за себе, но и отвора разговор за видливоста, можностите и учеството подеднакво за сите во културниот живот“, истакнаа од Здружението „Порака Нова“.

Оваа средба нè потсети дека инклузивната култура не е само прашање на пристап до културни содржини. Таа значи и создавање можности секој човек да биде творец, уметник и активен учесник во културниот живот.

 

Related Articles