Home » „Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100.изведба

„Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100.изведба

by culturalchat

Пред преполна сала, екипата на Народниот театар Битола по 100.пат ја изведе претставата „Кокошка“. Оваа изведба беше и со хуманитарен карактер, па така сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Публиката на Битолскиот театар и овојпат докажа дека знае што значи да се биде хуман. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката доби долготрајни аплаузи.Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ги води посетителите низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски.После изведбата 100.изведба беше прославена со торта. Да се множат успешни претстави.
Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.

Related Articles