Home » „Во светот на Зоки Поки“ викендов во КИЦ Офицерски дом Битола

„Во светот на Зоки Поки“ викендов во КИЦ Офицерски дом Битола

by culturalchat

Се сеќавате на Зоки Поки и неговата баба? А, на Лидија за која Зоки Поки би го купил сиот свет? Шарен и радосен е светот на Зоки Поки! Учениците од Едукативен Центар Едусфера ги оживеаја овие ликови во театарската претстава за деца работена по романот на Оливера Николова и во сабота на 24.10.2026 во Офицерски Дом со почеток од 12 часот ќе ја одиграат „Во светот на Зоки Поки” пред битолската публика. Оваа претстава е интересна, динамична, изобилува со комични моменти од детското секојдневие и ги слави другарството, доброто поведение, добрината и љубовта како неизбежен дел од сечие детство.Драматуршката обработка ја направи битолскиот писател Никола В. Ристевски, а координатор на проектот е Ана Жежовска – Кузманоска. Театарскиот проект е поддржан од Општина Битола.

Related Articles