Home » Свечен концерт во општина Новаци со учесниците на Илинденски денови

Свечен концерт во општина Новаци со учесниците на Илинденски денови

by culturalchat

Уште една незаборавна вечер исполнета со традиција, музика и културно богатство, ќе се одржи вечер од 20 часор низ улиците на Новаци. На Илинденско дефиле, ќе продефилираат учесниците и гостинските ансамбли во своите прекрасни народни носии. Од 21 часот е свечениот концерт во дворот на Општина Новаци, каде ќе настапат: КУД „Везилка“ – Новаци, Македонија, Ансамбл „Flying Georgians“ – Тбилиси, Грузија, Ансамбл „Venezuela Danza y Tambor“ – Корал Спрингс, Флорида, САД.
„Дојдете заедно да ја прославиме традицијата, да уживаме во богатството на фолклорот и да бидеме дел од вечер која ги поврзува народите преку музиката, играта и културата“, истакнуваат од фестивалот Илинденски денови.

Related Articles