Home » CODE 369 го претвораат пешачкиот премин на Широк Сокак во музичка сцена

CODE 369 го претвораат пешачкиот премин на Широк Сокак во музичка сцена

by culturalchat

По нивниот лондонски концерт во 2018 година, инспирирани од посетата на легендарното Abbey Road Studio, каде зачекорија по култниот пешачки премин овековечен на обвивката на безвременскиот албум “Abbey Road” на The Beatles, битолската култна инди група CODE369 оживеа една своја посебна приказна. Веќе втора година по ред, го претвораат најфреквентниот пешачки премин на Широк Сокак во музичка сцена, во рамките на БИТ ФЕСТ, носејќи дел од магијата на Лондон во срцето на Битола. Поради најавените временски неприлики, концертот кој беше планиран за 23.06 се презакажува и ќе се одржи со нов термин — 22.06, на Широк Сокак во вечерните часови.

Related Articles