Home » Како денес би ја изразиле љубовта кон Битола? -наградна игра на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Како денес би ја изразиле љубовта кон Битола? -наградна игра на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

by culturalchat

По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ве поканува да бидете дел од една креативна иницијатива посветена на нашиот град, неговото минато, сегашност и иднина.
Како денес би ја изразиле љубовта кон Битола? Што за вас значат слободата, храброста, заедништвото и патриотизмот?
Вашиот предизвик е да напишете краток мотивациски слоган или инспиративна реченица со која ќе ја пренесете пораката за љубовта кон Битола и значењето на слободата во современото општество.
Испратете ги во коментар најдоцна до понеделник 9.11.2026!
Најдобрите 5 мотивациски пораки ќе бидат наградени со книги!
Затоа, разбудете ја креативноста, преточете ја мислата во зборови и испратете порака што инспирира, поттикнува и остава трага! Нека пишаниот збор биде мост меѓу историското наследство и современите генерации!

Related Articles