Home » Изложбата „Битолска меморија vol. II“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Изложбата „Битолска меморија vol. II“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

by culturalchat

По повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, во НУУБ „Св. Климент Охридски“, ќе биде презентирана изложбата „Битолска меморија vol II“, посветена на историското, културното и духовното наследство на нашиот град. На изложбата ќе бидат претставени монографски публикации, периодични изданија и фотографии кои сведочат за минатото, развојот и богатото културно наследство на Битола.
„Ве покануваме заеднички да се потсетиме на значајните моменти од историјата на нашиот град и да ја одбележиме неговата слобода преку пишаниот и фотографскиот документ“, истакнуваат од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Датум: 4 ноември 2026 година
Време: 12:00 часот
Место: Хол на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Related Articles