Home » Прва самостојна изложба на Марија Нешкоска „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“

Прва самостојна изложба на Марија Нешкоска „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“

by culturalchat
Во сабота 07.11, сабота со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложбата  „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“  на Марија Нешкоска во КИЦ Битола, Офицерски дом, алтернативен галериски простор.
Првата самостојна изложба на младата ликовна уметница Марија Нешкоска, ќе ја претстави најновата серија уметнички дела создадени во периодот по нејзиното дипломирање и ќе биде достапна за јавноста во траење од две недели.
Марија Нешкоска е дипломиран сликар со сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, под менторство на професорите Благоја Маневски и Ангел Миов. Нејзиното творештво е насочено кон истражување на теми поврзани со психологијата, митологијата, религијата, филозофијата, македонскиот идентитет и историјата, што ѝ овозможува да развива
препознатлив уметнички јазик и концептуален пристап. КИЦ Битола ја продолжува традицијата на поддршка и афирмација на младите уметници, поттикнувајќи иновативност, креативност и создавање нови современи визии и идентитети.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2026 год. и е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето“ по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Related Articles