Home » Работна средба на директорот Мавровски со Министерот за култура во Битола

Работна средба на директорот Мавровски со Министерот за култура во Битола

by culturalchat

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денес престојуваше во работна посета на Битола каде изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство. Во рамките на посетата, министерот изврши увид во градежните активности за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, еден од најзначајните капитални проекти во Битола, вреден 94 милиони денари, на која присуствуваше и директорот на Народниот театар – Битола, Васко Мавровски.“Инвестицијата во културната инфраструктура е инвестиција во иднината на градот, во младите и во развојот на културниот туризам. Битола заслужува современи културни центри, а токму овој проект е еден важен чекор во таа насока.“, рече Мавровски.

„Кино „Партизан” со години беше запуштен и нефункционален објект. Денес гледаме дека работите се одвиваат со добра динамика и дека чекор по чекор создаваме современ, мултифункционален, културен центар кој ќе биде дом на бројни културни настани и ново место за средба на уметниците и граѓаните“- истакна министерот Љутков и додаде: „Битола отсекогаш била еден од најсилните столбови на македонската култура, уметност и духовност. Верувам дека со заедничка посветеност ќе продолжиме да создаваме услови за заштита на културното наследство, развој на современата културна инфраструктура и унапредување на културниот туризам, во интерес на сегашните и идните генерации“, истакна министерот.

Тој потсети дека објектот ќе биде целосно обновен и ставен во функција до 2027 година, кога Битола ќе добие нов простор за концерти, изложби, кино-проекции и други културни содржини.
На средбата присуствуваа и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, директорот на Центарот за култура – Битола, Сашо Илковски, директорката на НУУБ. „Св.Климент Охридски“ Битола, Емилија Стефановска Давкова. На средбата беа разгледани и актуелните и идните проекти кои се реализираат во соработка помеѓу Министерството за култура и туризам и локалната самоуправа. Во фокусот на разговорите беа инвестициите во културната инфраструктура, заштитата на културното наследство и развојот на културниот туризам. Министерот изврши увид и во конзерваторско-реставраторските работи во Јени џамија, еден од најрепрезентативните споменици на културата во државата. Работната посета продолжи на археолошкиот локалитет „Хераклеја Линкестис”, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија.Битола останува еден од најважните културни центри во Македонија. Преку инвестиции во културната инфраструктура, заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, Министерството за култура и туризам продолжува да создава услови за зачувување на националниот идентитет и за афирмација на македонските културни вредности пред домашната и меѓународната јавност.На посетата претходеше работна средба во Општина Битола, со градоначалникот Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски. Се разговараше за тековните проекти, предизвиците и идните можности за развој на културата и културниот туризам во градот.

 

 

 

Related Articles