Home » Презентирана првата самостојна изложба на Марија Нешкоска, „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“

Презентирана првата самостојна изложба на Марија Нешкоска, „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“

by culturalchat

Во КИЦ Битола, Офицерскиот дом, во алтернативниот галериски простор, беше презентирана првата самостојна изложба на Марија Нешкоска, „АРХЕТИП: ‘рбет, гибел и дебели плешки“.Во рамките на истата таа ја претстави најновата серија уметнички дела создадени во периодот по нејзиното дипломирање, кои ги отвораат темите кон кои таа трајно се враќа – психологијата, митот, религијата и македонскиот идентитет, преведени во ликовен јазик што веќе е препознатливо нејзин. Изложбата останува отворена две недели. Марија Нешкоска е дипломиран сликар со сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, под менторство на професорите Благоја Маневски и Ангел Миов. Нејзиното творештво е насочено кон истражување на теми поврзани со психологијата, митологијата, религијата, филозофијата, македонскиот идентитет и историјата, што ѝ овозможува да развива препознатлив уметнички јазик и концептуален пристап. КИЦ Битола ја продолжува традицијата на поддршка и афирмација на младите уметници, поттикнувајќи иновативност, креативност и создавање нови современи визии и идентитети. Изложбата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2026 год. и е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето“ по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

 

 

 

Related Articles