Младинската размена насловена „Die Grenzen meiner Sprache bedeuten die Grenzen meiner Welt“ – соработка помеѓу Едукативен Центар Едусфера и Mazedonischer Kulturverein Salzburg, се одржа по втор пат. Оваа година со нова тема: Salzburg Voices и една нова задача да создадат дигитален весник кој ќе сведочи за оваа младинска размена.
На покана на Снежана Јосифоска – координатор на проекти за образование, седум ученици од Едукативниот Центар Едусфера под менторство на Ана Жежовска – Кузманоска отпатуваа за Салцбург, Австрија каде имаа можност автентично да ја доживеат австриската култура, да го применуваат и употребуваат германскиот јазик и создавајќи нови пријателства да се уверат дека границите на јазикот, се границите на светот.
Учениците заедно со менторите остварија средба со делегација од Агенцијата за иселеништво која го поздрави и пофали проектот. На линкот во продолжение може да се види дигиталниот весник на кој учениците заедно работеа, a конечната верзија ја креираше ученичката Тамара Корлеска.
https://read.bookcreator.com/Mu047OqGZLS1VqSYqT8nFjLBn8y2/d-7KIwBoQJCQSX-b-gkiJA
Едукативен Центар Едусфера продолжува да создава инспиративни можности за своите ученици и да ги поддржува изучувајќи го германскиот јазик.



