Home » КУД „Илинден“ изненадување на венчавката на Марко и Антонела во Хрватска

КУД „Илинден“ изненадување на венчавката на Марко и Антонела во Хрватска

by culturalchat

Дека членовите на КУД Илинден знаат секаде да направат атмосфера, покрај прекрасните концерти кои ги изведуваат докажува и фактот што беа одлично изненадување на венчавката на Марко Кадиќ и Антонела во Дуги Рат, Хрватска. Долгогодишното пријателство со оваа општина во Хрватска и Битола, воедно Хрватскиот културен центар и КУД Илинден со КУД Далмација, резултираше со уште еден прекрасен момент. Оркестарот на КУД Илинден со зурли и тапани влегоа на венчавката и ја подигнаа атмосферата, а македонските песни ги пееја сите, посебно Јовано Јованке.

Им посакуваме среќа на младите, а КУД Илинден уште еднаш докажаа дека освен што се амбасадори на македонскиот фолклор низ светот, знаат да приредат и одлични изненадувања и да ја направат секоја прослава совршена.Хрватското знаме и македонските инструменти и песни и овојпат одлично се вклопија, а овие соработки помеѓу двете држави резултираат со долгогодишни шријателства.Каква беше атмосферата, во продолжение:

 

Related Articles