Home » Викендов Битола пулсираше со празникот на музиката Солстис

Викендов Битола пулсираше со празникот на музиката Солстис

by culturalchat

И оваа година во Битола се одржа традиционалниот франкофонски фестивал „Солстис – Празник на музиката“, во рамките на Бит фест, со кој се одбележа Светскиот ден на музиката и почетокот на летото. Настанот е дел од меѓународната манифестација Fête de la Musique, која се слави во бројни земји низ светот.На настанот на неколку локации на Широк сокак настапија музичари, хорови, ансамбли и солисти од различни музички жанрови, создавајќи празнична атмосфера исполнета со музика, дружење и културна размена во нашиот град: студио Сања Денс кру – кореограф Сања Кузмановска, TSK Step Up, Беби звон, детски хор Sвончиња, тинејџерски хор Попрокет – Коруновска music and singing, Женски камерен хор „Керамија“ од Прилеп, диригент Катерина Поповска, Х бенд, The boyz, Михаил Спасевски, групата „5 без 5“ во која членуваат вокалите Веда Мавровска и Ана Анѓелевска, Теодор Прчков на гитара, Лука Куновски на бас гитара и Карло Чеваповиќ на тапани.На 26-то издание на „Празникот на музиката – Солстис“ се создаде атмосфера исполнета со музика, насмевки, емоции и незаборавна енергија, затоа што музиката е универзален јазик кој нè  поврзува и обединува. „Солстис“ го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, а го организира Француската алијанса од Битола со поддршка на општината со цел да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста. На овој ден во над 180 земји во светот во кои франкофонијата има свое влијание, голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат.

 

 

 

 

 

Related Articles