Најновата премиера на режисерката Софија Ристевска Петрушева е со наслов „Каде е жена ти кога ја нема“, ќе биде изведена денес во Државниот драмски театар во Трговиште, Бугарија.Претставата е на авторката Билјана Крајчевска.
„Во овој момент сум бескрајно горда на мојата долгогодишна соработничка и авторка, што ја напиша оваа пиеса, и што опафати теми што се многу важни како за мене, така и за цело поколение на жени, што во моментов се наоѓа во средните години од своите животи. Огромна благодарност и до директорката Надја Асенова, што ја препозна важноста на овај текст, со огромна љубов ме прими во својот театар и со голема посветеност и професионализам ја продуцираше оваа претстава“, истакна режисерката Ристевска Петрушева.
Преводот на текстот е на Младен Алексиев, сценографијата и костимите на К. Касабов, а во претставата играат актерите: Маја Бежанска, Грета Неделчева, Михаил Трендафилов, Лаура Апостолова и Ивана Стојанова. За Лаура и Михаил премиерата е професионално деби.

