Home » Битолчани поканети на „Свадба“ -филмот кој го „запали“ Балканот

Битолчани поканети на „Свадба“ -филмот кој го „запали“ Балканот

by culturalchat

Подгответе се за филмскиот феномен што го „запали“ Балканот и дознајте зошто над 200.000 луѓе веќе го погледнаа овој хит во само неколку дена. Од 05.02, регионалниот блокбастер „СВАДБА“ пристигнува во Битола! Ова не е само филм – ова е апсолутен рекордер кој ги собори сите досегашни бројки на гледаност во регионот, надминувајќи ги дури и најголемите холивудски хитови. Фантастична регионална екипа, како и приказна со која многумина можат да се идентификуваат, го ставија овој филм на самиот врв на интересот: Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анџелка Стевиќ Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља.Филмот „Свадба“ носи мешавина од здрав хумор, препознатливи животни ситуации и ја води публиката низ приказна што балансира помеѓу топла семејна атмосфера и неочекуван меѓународен инцидент. Го поставува прашањето – дали љубовта може да ги надмине стереотипите, обичаите и родителските планови – и одговара на него на урнебесен, брз и непредвидлив начин.Во центарот на оваа антиромантична комедија се две богати семејства – едното од Загреб, другото од Белград – чиј син и ќерка се заљубуваат далеку од своите домови.Креативниот тим го сочинуваат режисерот и сценарист Игор Шереги, директорот на фотографија Томислав Сутлар, монтажерката Леа Милета, сценографката Јана Пјацун, костимографката Паула Чуле, дизајнерот на звук Иван Желиќ и шминкерката Сњежана Горуп, кои заедно носат автентична приказна во која сатирата вешто се испреплетува со реалноста.  Во кратки црти, нè очекува луда свадба! Се гледаме на 5 февруари, но и на 6. и 7. февруари во Центарот за култура, Битола.

Фотографии: Центар за култура, фб страна на филмот и Cineplexx.

 

Related Articles