Од 3 до 6 септември 2026 година, во Тирана, Драч и Корча, ќе се одржи „Македонската културна недела во Албанија“, во организација на Културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана. Во рамките на Културната недела ќе настапат голем број уметници од Македонија, а ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција.
На програмата се застапени концерти на оркестарот Ајга и ансамблот Кон Темпора под диригентство на маестро Иван Еминовиќ, настап на фолклорното друштво „Еуро Арт Академија“, концерт со поезија на квартет „Мевлем“, ДЈ сет на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro, промоција на македонски вина и ракија од винариите Бовин и Тиквеш, промоција на македонско пиво, монодрама „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев, изложба на фотографии од Преспа на Пали Колефски, настап на фолклорно друштво од Мала Преспа и музичка настап на Кристијан Ѓорѓи. Културната недела се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Албанија и Министерството за туризам, култура и спорт на Република Албанија.
Дополнителната финансиска поддршка од албанското Министерство е обезбедена како резултат на личниот ангажман на директорката на КИЦ Тирана, Ема Попивода, и континуираната соработка со албанските културни институции.
Програма:
3 септември | Тирана | 19:00
Концертна сала на Православната црква
Свечено отворање и одбележување 35 години независност на Македонија, со концерт на Камерниот оркестар „Кон Темпора“ и настап на Фолклорниот ансамбл „ЕуроАрт“.
4 септември | Драч | 20:00
Црква „Св. Лусија“
Концерт на Камерниот оркестар „Ајга“, под диригентство на маестро Иван Еминовиќ.
5 септември | Тирана | 19:00
Villa Art Explora
„Мевлем“ – концерт на камерна музика и поезија, по што следуваат дегустација на македонско пиво и DJ сет на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro.
6 септември | Корча
Стара чаршија
„Духот на Македонија во Корча“ – изложба на фотографии „Убавините на Преспа“ на Пали Колефски, монодрама „Меѓникот“ во озведба на Доне Донев, фолклорни настапи и музички настап на Кристијан Ѓорѓи.
