Home » 30 години македонска песна, оро и традиција во Копер

30 години македонска песна, оро и традиција во Копер

by culturalchat

Македонското културно друштво „Кочо Рацин“ од Обала – Копер, предводено од претседателот Блаже Атанасов, со свечена културна манифестација го одбележа својот 30-годишен јубилеј.
Вечер исполнета со македонски фолклор, традиционални ора, песни, поезија од Кочо Рацин и уметност, која уште еднаш покажа дека македонската култура живее и се негува далеку од татковината.
На настанот присуствуваа претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, и градоначалникот на Копер, Алеш Бржан, како и македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски. Во своето обраќање, претседателката ја истакна важноста на зачувувањето на македонскиот јазик, фолклор и културен идентитет, како и улогата на иселениците во зацврстувањето на пријателските врски меѓу двете земји. Од Агенцијата за иселеништво беа упатени честитки до Блаже Атанасов и членовите на друштвото за три децении посветеност на македонската култура, а по повод јубилејот беше доделена и плакета со мотив од македонското оро „Тешкото“.
Каде и да сме, македонската песна нè поврзува, орото нè обединува, а традицијата нè потсетува кои сме и од каде доаѓаме. Честит јубилеј на МКД „Кочо Рацин“ – Копер. Нека македонското оро уште долго се игра, а македонскиот дух гордо да се пренесува на идните генерации.

Related Articles