Напладне во чаршија, но и на Магнолија и по битолскиот Широк Сокак, учесниците на „Илинденски денови“ од Будимпешта, Унгарија, ги воодушевија битолчани со својата игра и богатата носија.
Пред вечерните аплаузи и големата фестивалска сцена, постои едно место каде фолклорот е најблизок до луѓето. Во срцето на Старата битолска чаршија, домашните и интернационалните ансамбли ги претвораат плочките во сцена, а случајните минувачи во публика. Тука нема дистанца. Само насмевки, игра, музика и средби што се случуваат сосема природно.
Фотографиите на Ивона Кочов ја доловуваат токму таа магија, моментите кога традицијата се живее.




