Во Галеријата и Музеј „Ранко Струмениковски“ во Битола, свечено беше отворена изложбата на современа полска графика “Топос“. На истата своите дела ги претставија ликовни уметници од Универзитетот Шлезија, Катовице, Полска. Изложбата беше дел од истражувачкиот проект “Простори на уметноста: Природа – култура – човештво“. Уметничката и академска група “Уметнички простори“ е составена главно од уметници и предавачи од Институтот за ликовни уметности при Универзитетот во Шлезија во Чешин, поканети гости, како и студенти и алумни, овозможувајќи создавање кохереозен, повеќе гласен наратив за изложбата.
На почетокот за изложбата зборуваше галеристот д-р Драган Ристевски.
„Современата полска графика е една од најпечатливите и воедно највлијателните уметнички појави во светот во втората половина на XX век. Уметниците од Краковската графичка школа се најрепрезентативните претставници кои воедно се добитници на бројни меѓународни признанија и награди од оваа област. Значајно е да се нагласи традиционалната соработка и учество на бројни полски графичари на Меѓународното графичко триенале во Битола во последниве четири децении за што голем придонес има и раководителот на Битолското Триенале, графичарот Владо Ѓорески“.
„Изложбата “ТОПОС“ не е ни случајна ниту како дел од некакви проекти кои што се повеќе ги заменуваат изложбените активности во кои суштинската меѓучовечка и креативната соработка се заменува со одредени плански конструкции најчесто кои што имаат друга мотивација, подалеку од творештвото. Меѓународното графичко триенале во Битола, повеќе од триесет години, активно и постојано соработува со полскиот графички универзум, кој што е еден од најзначајните во светот. Таа соработка започна уште од времето кога Виктор Скулич го оформи графичкото триенале во Краков како едно од најзначајните во светот заедно со Љубланското биенале. Од првото Триенале до денес, учеството на полските графичари на оваа манифестација е исклучително, со над 500 автори од сите генерации“, истакна ликовниот критичар Ѓорески.

Оваа изложба е почеток на подолготрајна соработка и своевидно миле за 2027 година во која ќе се реализира 12 графичко триенале во Битола, но, значајно и единствено, во тоа случување ќе биде и објавувањето на единствената монографија и учеството на полските графичари на Битолското графичко триенале. Вклучувањето и на галеријата “Ранко Струмениковски“ има исто така значајна улога во проширувањето и зголемувањето на оваа соработка и низ повеќе насоки. На изложбата беа претставени графички дела од 10 познати и признати уметници од Шлескиот универзитет: Адам Чех, Агнешка Јаворска, Кацпер Кошчиолек, Мацие Рекосиевич, Марија Антонина Мазурек, Ришард Пилеш, Викторија Качмерек, Анета Садовска, Кшиштоф Паштула, Јустина Стефањчик, Хана Гржонка – Карвачка, врвни уметници од различни генерации, а нивни заеднички именител е истражување на непознатиот ликовен говор. Изложбата беше реализрана во соработка на Галеријата и Музеј „Ранко Струмениковски“, Меѓународното графичко триенале Битола и Институтот за ликовни уметности, факултетот за уметност и образовни науки во Чешчин, универзитетот Шлезија во Катовице.
Информации и фото: Галерија и Музеј „Ранко Струмениковски“, Bitola news


