Home » Отворање на изложбата „Фрески и икони – Жив зид“ денес на Бит фест

Отворање на изложбата „Фрески и икони – Жив зид“ денес на Бит фест

by culturalchat

БИТ ФЕСТ добива изложба што не се гледа само со очи, туку се доживува на посебен начин. Денес од 20:00 часот, во Офицерскиот дом, во рамките на Битолското културно лето, Никола Крнчев и Раде Најдовски ќе ја претстават „ЖИВ ЅИД“ -изложба на фрески и икони со која одбележуваат 25 години заедничко творештво.

„ЖИВ ЅИД“ е повеќе од изложбена поставка. Таа е своевиден печат на четврт век пријателство, партнерство и заедничка посветеност на зографската уметност. Изборот од дела ја открива нивната заедничка творечка визија и мајсторството со кое со децении го збогатуваат духовното и културното наследство во земјата и надвор од неа. Нивните фрески и икони се дел од храмови, но и од колективната меморија на генерации. Преку нив, бојата станува молитва, ѕидот – жив сведок, а уметноста -трага што го надживува времето. „Бидете дел од НАШАТА МОЛИТВА ВО БОЈА…“, стои во поканата од авторите на изложбата. „ЖИВ ЅИД“ е приказна за 25 години творење, но и за уметност која продолжува да живее.

Related Articles