Home » Четвртото издание на „Чипур Трибјут“ викендов во Битола

Четвртото издание на „Чипур Трибјут“ викендов во Битола

by culturalchat

На 27 јуни 2026 година во 20.00ч., во Пациото на Завод и Музеј Битола во склоп на овогодинешниот Битфест ’26 ќе се одржи четвртото издание на „Чипур Трибјут“, хуманитарен настан посветен на нашиот другар Кире ЧипурО. Традиционалниот собир ќе ги обедини членовите на семејството, роднините, пријателите и љубителите на музиката, а програмата ќе биде исполнета со музички настапи и дружење во препознатливата атмосфера на Пацио.
„Чипур Трибјут“ низ годините прерасна во препознатлив настан кој го негува споменот на Кире ЧипурО и претставува можност за заедничка средба на сите кои биле дел од неговиот живот и пријателски круг.
Настанот ќе започне во 20.00 ч. на 27 јуни 2026г. во Пацио, Битола.
Влез слободен.

Related Articles