Една нишка ги поврзува првиот кадар на браќата Манаки со филмот што го создаваме денес.
Од Баба Деспина, жената што преде во првите снимени кадри на Балканот, до „Фросина“ и современите филмски автори, приказните продолжуваат да се создаваат, кадар по кадар.
Токму оваа идеја стои зад визуелниот идентитет на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, креиран од Вања Штркова од „Њу Момент“. Камерата и роданот се споени во една визуелна целина, како симбол на светлината, движењето, времето и човечката потреба да раскажува.
Во визуелниот идентитет се вклучени и дело од Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, фотограф со повеќе од 50 години професионална кариера и соработки со Vogue, Elle, Harper’s Bazaar, Le Monde и The New York Times. Во 2027 година ќе одбележиме 75 години од „Фросина“, првиот македонски долгометражен игран филм, чиј насловен лик е ткајачка.
Приказната продолжува.
47. ИФФК „Браќа Манаки“
📍 Битола | 19–25 септември 2026.
