Долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, ќе го отвори овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс, на 7-ми јули, четврток со почеток во 21:00 часот. Филмот е селектиран во SEE програмата на Фестивалот и ќе се натпреварува за една од наградите за кои ќе одлучува жирито составено од словенечкиот режисер Дамјан Козоле, Диего Апарисио основач и уметнички директор на кипарскиот фестивал Queer Wave и Ѓулин Устун продуентка и раководителка на Meetings on the Bridge.
Улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиева како Мими, Тамара Ристооска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов.
Режија и сценарио се на Даријан Пејовски, кинематограф Дејан Димески, сценографија Игор Тошевски, костимограф Емилија И. Атанасовска, шминка и фризура Ива Куробаса,автор на музика Александар Пејовски, монтажа Владимир Поповски, дизајн на звук Игор Поповски, продуцент Томи Салковски и копродуценти Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.
Филмот е копродукција на Скопје филм студио со Maxima Film од Хрватска и Giggling Goat Production од Црна Гора, и истиот е направен со поддршка од Агенцијата за филм, Хрватскиот аудиовизуелен центар и филмскиот центар на Црна Гора.