Што се случува кога увертирата ќе престане да биде само почеток на една сценска приказна и ќе стане приказна сама за себе?
Од Моцарт и Росини, преку Бетовен, Брамс, Вагнер и Верди, до Шостакович – програмата на концертот „Музички код“ ја следи историјата на увертирата и нејзината постепена трансформација од вовед во операта до самостојна оркестарска форма.
Седум различни поетики, седум начини на музичко раскажување и една заедничка нишка – оркестарот како носител на драмата, идејата и емоцијата. Концертот ќе се одржи на 14 октомври со почеток од 19:30 часот, во Центарот за култура Битола.
„Музички код“ – концерт на Македонската филхармонија во Битола
previous post
