Home » Владимир Четкар со концерт во најпознатиот џез клуб во Унгарија

Владимир Четкар со концерт во најпознатиот џез клуб во Унгарија

by culturalchat

Во најпопуларниот џeз клуб во Унгарија, Budapest Jazz Club, Владимир Четкар ќе одржи концерт на 07.март.Тој ќе се претстави со комплетно авторска музика од своите 4 студиски албуми, а на сцената ќе биде придружуван од некои од најдобрите македонски и унгарски музичари.Неодамна македонскиот музички амбасадор го издаде својот нов студиски албум ‘Let Us Be’ кој ја разбранува светската музичката критика со одлични рецензии од Азија, Европа и Америка. Овој албум, кој досега беше достапен само во Јапонија преку издавачката куќа „P-Vine Records“, претставува четвртиот по ред студиски проект на Четкар. Во „Let Us Be“, Четкар е комплетен автор, се потпишува како композитор, аранжер, продуцент, текстописец, диригент и изведувач. Албумот е сниман во престижните американски студија „Electrical Audio“ во Чикаго и „Hi-Fi Studios“ во Милвоки, со учество на живи гудачки, дувачки и ритам секции.Унгарските медиуми по повод настапот на Четкар, пишуваат:

„Концертот на македонскиот пејач-гитарист-композитор Владимир Четкар е најочекуван од љубителите на Џез Радио, бидејќи музичарот, кој исто така многу придонесе за неговото појавување, го претставува џез-соул-фанк стилот. Неговата музика ја комбинира традицијата на легендарниот Chic или Earth Wind & Fire со модерен, современ звук. Како прославен изведувач на бројни фестивали, тој има настапувано на многу светски сцени, од фестивалот Сигет во Будимпешта до џез-фестивалот во Хонг Конг, па и до американскиот џез фестивал Blue Note“.

 

Related Articles