Home » „Кармина Бурана“ ја отвори новата сезона во Националната опера и балет

„Кармина Бурана“ ја отвори новата сезона во Националната опера и балет

by culturalchat

Со изведба на моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, Националната опера и балет ја отвори новата сезона. Диригент беше Иван Еминовиќ, кореограф и либрето: Кан Арслан, cценограф: Миодраг Табачки (Србија), костимограф – опера: Елена Дончева, костимограф – балет: Гизем Бетил (Турција).Настапија солистите на операта: Надe Талевска, Благој Нацоски, Денис Димоски, како и солистите на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Хорот, Оркестарот и Балетот на Националната опера и балет. Моќната и возбудлива кантата на Орф ја освои публиката уште на првата изведба во операта во Франкфурт во 1937 година, оттогаш со години го привлекува вниманието, како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.Ноември во Националната опера и балет ќе биде посветен на одбележување на 100 години од смртта на италијанскиот композитор Џакомо Пучини. Па така за 8. ноември е најавена „Боеми“, на 16 ноември е „Мадам Батерфлај“, на 23 ноември е „Тоска“ и на 29 ноември е закажана „Турандот“. Претставите ќе бидат со странски диригенти и пејачи.  На изведбата присуствуваше претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.Балетскиот сегмент на сезоната, предводен од Кире Павлов, ќе вклучи 19 претстави, меѓу кои „Петар Пан“ и „Оревокршачка“, како и гостувања од балетски уметници од Украина. Директорот Оливер Арсовски најави дека оваа сезона ќе биде објавен и репертоарот за цела година, а за првпат ќе се воведат и месечни билети за љубителите на операта.

 

 

Related Articles