Home » „КОКОШКА“ повторно на сцената на Народен театар Битола

„КОКОШКА“ повторно на сцената на Народен театар Битола

by culturalchat

Две вечери исполнети со смеа, иронија и препознатливи човечки слабости.
Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи.За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Ова е вечер за гласна смеа, добра енергија и театар што се памети. Не ја пропуштајте можноста повторно да ја погледнете една од омилените претстави на публиката, на: 01 јули (среда), 20:00 часот и 02 јули (четврток), 20:00 часот, на Големата сцена – Народен театар Битола. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски.
Билетите се во продажба! Можете да ги набавите на билетарата на театарот или онлајн преку официјалната веб-страница на Народен театар Битола.

Related Articles