Home » Вечер на сцената на Битолскиот театар претставата „Секстет“

Вечер на сцената на Битолскиот театар претставата „Секстет“

by culturalchat

Дали една лага може да остане само една? А што кога ќе се појават две… три… шест? Тогаш започнува вистинскиот хаос! „СЕКСТЕТ“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, е комедија во која никој не е она што изгледа, а секоја нова ситуација е понеочекувана од претходната. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти ќе ве натераат да се смеете од почеток до крај.Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Марија Цветановска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.Ова не е претстава што се раскажува – ова е претстава што мора да се доживее! Одлична актерска екипа, брзо темпо и комични ситуации кои гарантираат вечер исполнета со смеа.
Почеток 20:00 часот. Билетите се во продажба!
Можете да ги набавите на билетарата на театарот или онлајн преку официјалната веб-страница на Народен театар Битола.
Не чекајте последен момент – резервирајте го вашето место и подарете си вечер исполнета со смеа.

 

 

Related Articles