Македонската рок-сцена доби ново освежување и вистинска емотивна инекција. Две од најомилените и најенергичните домашни имиња, иновативните CODE 369 и култните Паркети, ги здружија своите креативни сили во една сосема нова музичка приказна што ветува дека долго ќе се слуша.

Оваа соработка претставува спој на препознатливиот мелодичен рок-израз, моќните вокали и длабоките емоции со кои се препознатливи CODE 369, и разорната позитивна енергија, урбан ритам и експлозивност што со години ги носат Паркети. Резултатот е синергија на сцена која носи врвно аудиовизуелно доживување и свеж ветер во македонската рок музика. Авторите на ова ново ремек-дело велат дека се работи за песна која зборува за искрени емоции, ноќни потраги по светлина и чистота на душата, спакувани во современ рок ритам кој веднаш влегува во уво. „Ова е соработка што се готвеше со многу љубов и искрена музичка хемија. Спојувањето на нашите енергии со Паркети донесе нешто свежо, силно и автентично, за кое едвај чекаме реакција од публиката“, велат членовите на CODE 369. Подгответе се за рок-хит кој ќе владее со радиските фреквенции и срцата на фановите. Музиката е на Сашо Паркет, текстот на Ирена Димовска, аранжаман Code 369 и Паркети. Посебна благодарност членовите на групите истакнаа до Мирна Шкргатиќ, како и до Центарот за култура и директорот Сашо Илковски. Музичка продукција: Даниел Митревски -Студио Atelier / Славко Ристески во Prosound Production Студио. Видео продукција: Дејан Трајчевски, Encore Media Production, светло Николче Ѓорѓиевски.
