Младите и талентирани Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, ја снимија кавер верзијата на песната „Немир“ од Тоше и Каролина.
„Постојат песни што не се само музика, туку емоција што трае. Со голема љубов и почит кон Тоше и Каролина, ја снимивме оваа песна. Се надеваме дека ќе ја почувствувате истата емоција што ја вложивме во секој отпеан стих“, велат Ана и Алексеј. Инаку тие ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија 2024. Песната е снимана во студиото CODE 369, а за видеото беше задолжен Бојан Настовски.
https://www.facebook.com/share/r/1CwfHr71mA/?mibextid=wwXIfr


