На свеченото отварање на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана, ќе се прикаже филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска.Темата на филмскиот фестивал за оваа година е „Фокус на македонската современа кинматографија“ и вкупно 5 македонски филмови ќе се прикажат за време на фестивалските денови, претставувајќи теми што ги истражуваат верата, семејството, моралот и човечкото достоинство преку моќни и длабоко лични приказни.
Освен „Мајка“ ќе бидат прикажани и „Добри луѓе“ (2025) – во режија на Милчо Манчевски, „Железната тврдина“ (2025) – во режија на Митко К. Панов, „Кучињата немаат соништа“ (2026) – во режија на Ханис Багашов, „Антигона“ (2025) – во режија на Ибер Деари и Мирсад Абази.
Но, програмата „FOCUS ON NORTH MACEDONIA“ не се ограничува само на филмските проекции. Во рамките на оваа програма, TIFF 2026 организира и два мастеркласа со Теона и Лабина Митевски, кои ќе понудат непосреден увид во процесот на создавање, продукција и развој на едно кинематографско дело.
🎬 CASE STUDY OF MOTHER со Лабина Митевска
📅 22 септември 2026 | 11:00 часот
📍 Villa 31 × Art Explora
🎬 IN TO DIRECTING со Теона Стругар Митевска
📅 23 септември 2026 | 11:00 часот
📍 Villa 31 × Art Explora
Целосната дневна програма е достапна на следниот линк:
https://tiranafilmfest.org/program-2026/
Настаните се одвиваат со поддршка на МКИЦ Тирана и Министерство за култура.



