Home » Кога музиката ги поврзува земјите – завршен концерт на „Етно Македонија 2026“

Кога музиката ги поврзува земјите – завршен концерт на „Етно Македонија 2026“

by culturalchat

По денови исполнети со песни, игри, работилници, учење и споделување култури, на платото пред Офицерскиот дом, беше спуштена завесата на „Етно Македонија 2026“. Завршниот концерт не беше само финален настап. Тој е прослава на сите моменти што ги поврзаа младите од различни земји, докажувајќи дека фолклорот не е минато – туку жив мост меѓу луѓето. Вечер исполнета со енергија, емоции и традиција, каде што секој аплауз беше поздрав за новите пријателства создадени во Битола.Младите од „Етно Македонија“ пееја на македонски, дански, португалски и други европски јазици, студенти, вљубеници во музиката и полиглоти од Србија, Босна и Херцеговина, Данска, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска, Шпанија и од Македонија.
Битолското културно лето уште еднаш, како и многу пати досега беше исполнето со аранжмани за песни на многу јазици, со различни ритмови и со уште повеќе приказни, на младите од „Етно Македонија“. Некои од учесниците студираат музика, некои математика, некои други научни области, но сите научија да изговараат и да пеат на македонски, дански, шведски, португалски, српски и други европски јазици на концертот што се одржа под менторство на Ангел Спироски од Македонија и Џули Грејн од Данска. Учесниците на „Етно Македонија“ организирани од Музичка младина на Македонија, во рамки на проектот „Културен Хорологион“ беа запознати со културно историски знаменитости на Битола, локална понуда за културен туризам.
Фотографии: Сашо Ставрев

Related Articles