Home » Љупка Стефановска личноста која се грижи македонскиот фолклор да стигне до новите генерации

Љупка Стефановска личноста која се грижи македонскиот фолклор да стигне до новите генерации

by culturalchat

Не секој може да ја разбере приказната за глуварчето. За 56. издание на „Илинденски денови“, глуварчето не беше избрано само затоа што е убав симбол. Тоа е цвет што не се плаши од патувањето. Ветерот ги носи неговите семиња далеку, а тие повторно пуштаат корен.
Исто како традицијата.
Токму затоа оваа фотографија на м-р Љупка Стефановска има посебна тежина.
Како етнокореолог, кореограф и долгогодишен стручен соработник на фестивалот, таа со години не само што го проучува македонскиот фолклор, туку и се грижи неговите „семиња“ да стигнат до нови генерации. Преку научната работа, стручните истражувања, семинарите и фестивалската програма, таа тивко го прави она што глуварчето го прави природно – го пренесува животот понатаму. Некои луѓе се на сцената затоа што настапуваат.
Љупка Стефановска е дел од „Илинденски денови“ затоа што се грижи сцената секогаш да има што да раскаже.
И можеби токму затоа, во нејзините раце, глуварчето не е цвет.
Тоа е најубавата метафора за традицијата.

Related Articles