Home » Фокус на македонската современа кинематографија на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана

Фокус на македонската современа кинематографија на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана

by culturalchat

На свеченото отварање на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана, ќе се прикаже филмот „Мајка“ во режија на Теона Стругар Митевска.Темата на филмскиот фестивал за оваа година е „Фокус на македонската современа кинматографија“ и вкупно 5 македонски филмови ќе се прикажат за време на фестивалските денови, претставувајќи теми што ги истражуваат верата, семејството, моралот и човечкото достоинство преку моќни и длабоко лични приказни.Освен „Мајка“ ќе бидат прикажани и „Добри луѓе“ (2025) – во режија на Милчо Манчевски, „Железната тврдина“ (2025) – во режија на Митко К. Панов, „Кучињата немаат соништа“ (2026) – во режија на Ханис Багашов, „Антигона“ (2025) – во режија на Ибер Деари и Мирсад Абази.
Но, програмата „FOCUS ON NORTH MACEDONIA“ не се ограничува само на филмските проекции. Во рамките на оваа програма, TIFF 2026 организира и два мастеркласа со Теона и Лабина Митевски, кои ќе понудат непосреден увид во процесот на создавање, продукција и развој на едно кинематографско дело.
🎬 CASE STUDY OF MOTHER со Лабина Митевска
📅 22 септември 2026 | 11:00 часот
📍 Villa 31 × Art Explora
🎬 IN TO DIRECTING со Теона Стругар Митевска
📅 23 септември 2026 | 11:00 часот
📍 Villa 31 × Art Explora
Целосната дневна програма е достапна на следниот линк:
https://tiranafilmfest.org/program-2026/

Настаните се одвиваат со поддршка на МКИЦ Тирана и  Министерство за култура.

 

Related Articles