Home » Сјајот на ромските бајки-настани на раскажување ромски приказни

Сјајот на ромските бајки-настани на раскажување ромски приказни

by culturalchat

Во рамките на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time… and now” започнаа настаните посветени на раскажувањето ромски приказни, собрани во книгата „Сјајни ѕвезди: бајки раскажани од Роми од Европа“. На првиот настан активно учествуваа млади девојки Ромки и возрасни. Беа читани приказните „Двајца пријатели“, „Барон“ и „Ромите и шумската самовила“. Талентирани раскажувачи, со посебни техники и вештини за анимирање, ја оживеаја магијата на ромската традиција и го пренесоа духот на овие бајки до младата публика. На настанот учествуваше и Билјана Крајчевска, драматург, која е автор на бројни театарски претстави изведени, не само на сцената на битолскиот театар, туку и во соработка со познати режисери од Македонија, Америка, Србија, Унгарија, Хрватска и Израел.

“Изразуваме голема благодарност до сите учесници и поддржувачи на проектот, кои ја негуваат и оживуваат оваа значајна културна традиција. Нека магијата на ромските бајки продолжи да живее и да се пренесува низ генерациите”, истакнаа од Битолската библиотека.Проектот е финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската Унија и има за цел да ја промовира ромската култура и наследство преку приказни раскажани од Роми. Во него учествуваат партнерски организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција, кои придонесуваат за размена на културни традиции и збогатување на оваа вредна збирка приказни.

Related Articles