Home » Панел дискусија „OUTFIT или ИДЕНТИТЕТ? – како социјалните мрежи ја менуваат модата“ наскоро во Битола

Панел дискусија „OUTFIT или ИДЕНТИТЕТ? – како социјалните мрежи ја менуваат модата“ наскоро во Битола

by culturalchat

На 28. мај 2026 година, со почеток од 18:30 часот во café bar Repeat во Битола, ќе се одржи младинска панел дискусија посветена на влијанието на социјалните мрежи врз модата, самодовербата и идентитетот кај младите. Настанот е во организација на Идеал Контакт, Ministry of Second Hand.Преку искрени разговори, лични искуства и интерактивна дискусија, панелот ќе отвори теми за трендовите, online притисокот, влијанието на Instagram и TikTok, како и потребата младите да останат свои во свет полн со копии и наметнати стандарди. Панелот носи и силна порака за одржлива мода и second hand културата — дека секое парче облека може да добие нов живот, а стилот да биде израз на личноста, а не само следење трендови.
Модератор на настанот е Марина Атанасовска, а гости на панелот се: Марија Магдалена Микаровска, Снеже Велков, Емилија Геровска, Александра Шијаковска, психолог Марина Кузмановска.
Организаторите посочуваат дека целта на настанот е младите да се поттикнат на размислување, самодоверба и автентичност, преку современи и интерактивни форми на едукација надвор од класичната училница.
„Стилот е избор. Идентитетот е твој.“

Related Articles