По случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, заради загадената вода за пиење од градскиот водовод, Битолчани хумани како и секогаш организираа хуманитарна акција. Имено порталот Бабам Битола организираше акција, каде на локација под сендвичарата РУДО ЈАГНЕ карши Безистенот, кај Саат Кулата, собираа вода за граѓаните на Гостивар, која веднаш вечерта беше испорачана.
„Сега можиме да спиеме мирно, помошта пристигна во пожарната во Гостивар. Ви благодариме на сите Битолчани за вашата хуманост и пожртвуваност. Битола била и ќе биди. Денеска таа беше за Гостивар. Некои луѓе ќе ги сретнете за првпат во животот, а ќе почувствувате како да ги познавате отсекогаш. Такви луѓе Господ ги испраќа тогаш кога е најпотребно. Огромна благодарност до Филип Велјановски, кој без двоумење се понуди со своето комбе веднаш уште вечерва да ја натовариме и пренесеме помошта до Гостивар. Благодарност и до секој човек што донираше, сподели, помогна или беше дел од оваа акција. Заедно за два часа собравме 79 гајби со вода (по 6, вкупно 474 шишиња од 1,5 литри ) и уште 4 тамиџани вода. Ова не се само бројки. Ова се стотици подадени раце, доказ дека кога е најтешко, човечноста сè уште победува. Утре, ако даде Господ, ќе продолжиме повторно.
Од Битола за Гостивар“, истакнуваат од порталот Бабам Битола.
Секоја чест за нив и секој хуман граѓанин кој донираше. Ние ја следиме ситуацијата и ќе Ве инфомираме за сите акции поврзани за помош на Гостивар.

