Home » Прием на учесниците на „Илинденски денови“ кај градоначалникот Коњановски

Прием на учесниците на „Илинденски денови“ кај градоначалникот Коњановски

by culturalchat

Цел свет на едно место. Така изминативе недели изгледаше нашата Битола со фолклорни групи и ансамбли од САД- Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска и секако од земјата домаќин Македонија, кои беа учесници на фестивалот „Илинденски денови“.

И оваа година градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, организираше прием, односно фолклорна дружба со гостите од фестивалот „Илинденски денови“, кои изминативе недели ја разиграа Битола и ја обоија во боите на фолклорот.
„Убаво беше да се слушнат нивните позитивни импресии од фестивалот, организацијата, гостопримството на градот, од убавините на Битола со своите културни и историски посебности. На средбата истакнав дека во овој период Битола, посебно е разубавена, а светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Ова пак истовремено значи и светска промоција на градот, кој го има овој фестивал и повеќе од половина век ја негува традицијата, но и ги отвара ширум своите врати за традициите во фолклорот на други народи“, истакна градоначалникот.
Добрата соработка за градење силни културно – уметнички врски беше повод и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали во знак на сеќавање на изданието на фестивалот кое беше едно од најдолгите во својата историја со голем број учесници, како домашни така и странски од различни делови на светот.

Related Articles