Македонската режисерка Тамара Котевска доби награда за оставање трајни вредности во документаристиката, на годинешното 14. издание на Меѓународните награди за документрани филмови на турската државна телевизија ТРТ во Истанбул, Турција. Котевска, која има 2 номинации за Оскар за документарецот „Медена земја“, беше и членка на жирито во интернационалната програма, а одржа и мастерклас на тема „Номинација за Оскар и преминување на границите на документаристиката“.
„Ја ценам нашата долга соработка со ТРТ, која што продолжува. ТРТ беше првата филмска институција која ѝ додели награда на ‘Медена земја’ уште како дело во развој на Сараевскиот филмски фестивал 2017 година, таа беше првата што ја препозна нашата работа во многу раната фаза кога оваа поддршка беше клучна за снимањето на филмот. ТРТ го поддржа и мојот прв игран филм ‘Човек против јато’ кој е во претпродукција“, објави Котевска на Фејсбук велејќи дека наградата ѝ била прекрасно изненадување.
Играното деби на Тамара Котевска „Човек против јато“ беше поддржано со 325.000 евра од македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а годинава доби и поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Филмот треба да е снма вгодина, а има и поддршка од ТРТ.Таа на 1. септември зборуваше на гала настанот „Светла! Камера! Влијание!“ (Lights Camera Impact) на 80. Венециски фестивал фестивал. Котевска говореше и со краток исечок го претстави новиот документарец за глобалната сензација, куклата Амал која патува низ светот и ја подигнува свеста за бегалците.

