Home » Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ со концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ со концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

by culturalchat

Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола, за првпат ќе настапи во Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

„По повеќе од дваесет години од постоењето на Македонскиот КИЦ во Софија, особено ми е драго што токму во овој значаен македонски културен простор ќе го претставиме богатството на хорското творештво и работата на мешовитиот хор на КУД „Стив Наумов“. Како директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, моја постојана заложба е во Македонскиот КИЦ во Софија, да бидат присутни и достојно претставени македонската култура, уметност, традиција, преку различни форми и содржини. Сметам дека токму преку концертите, изложбите, книжевните настани, промоциите, предавањата и другите културни содржини, најубаво и најдиректно се претставува богатството на македонското творештво. Затоа ми претставува особена чест што во рамките на таа заложба, за првпат во Македонскиот КИЦ во Софија ќе настапи КУД „Стив Наумов“ од Битола, со својот мешовит хор“, истакна директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатскиот советник проф. д-р Зоран Пејковски.

Концертот ќе се одржи на 25-ти септември (петок), со почеток во 18:30 часот. Мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ во својот репертоар негува богата ризница на хорски композиции од различни епохи и стилови. Особено место има духовната хорска музика, но застапени се и дела од македонскиот фолклор обработени за четиригласен хор, како и современи хорски композиции. За оваа концертна изведба подготвија разновидна и внимателно одбрана програма со дела од С. Мокрањац, А. Бадев, А. Архангелски, Алабеева, Д. Христов, С. Гајдов, Д. Темков, Д. Савицка, Ј. Ринго и М. Гарсија.

Related Articles