Постојат разгледници што ги купуваме во сувенирница.
И постојат разгледници што сами се создаваат.
Најубавата разгледница што можете да ја испратите од Битола ова лето е токму оваа.
Град во кој различни знамиња се веат едно до друго.
Град во кој музиката не бара превод.
Град во кој традицијата не разделува, туку поврзува. Поздрав од Битола, градот што и ова лето го пречека светот со отворено срце.
Оваа не покажува само град. Покажува како изгледа кога светот ќе се собере на едно место, а секој ќе остане свој. Тоа е Битола.
Тоа се „Илинденски денови“.
„Поздрав до сите наши пријатели ширум светот. Нека оваа фотографија биде нашата летна разгледница испратена од Битола, со многу музика, боја и љубов“, велат од „Илинденски денови“.
До нови средби. До нови песни. До нови пријателства.
Greetings from Bitola. Greetings from Ilinden Days.
Од Битола до светот. Со традиција наместо адреса. 56. ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ точка на поврзување.
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски.
