Home » Голема заинтересираност за семинарот на д-р Ранко Рајовиќ во Битола

Голема заинтересираност за семинарот на д-р Ранко Рајовиќ во Битола

by culturalchat

На огромно задоволство на битолчани во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се реализираше еднодневен семинар за „Учење низ игра“ кој го водеше почитуваниот гостин од Србија, д-р Ранко Рајовиќ, автор на NTC програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, претседател на комитетот на Менса за надарени деца ва светот.

Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Семинарот беше наменет за родители, учители, едукатори, лекари и сите што се вклучени во детскиот раст и развој. На овој семинар сите учесници имаа можност да научат и осознаат методи и техники кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието.

Примарната улога на програмата NTC е да користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тој е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој, од раѓање до приближно десет години. Играта како внатрешна мотивација на детето е клучен фактор во програмата NTC.

 

 

 

Related Articles