Home » НУУБ. Св Климент Охридски Битола дел од третиот по ред COBISS ден 2026

НУУБ. Св Климент Охридски Битола дел од третиот по ред COBISS ден 2026

by culturalchat

Директорката на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова, заедно со библиотекарите м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, м-р Милка Котевска, Ирена Колевска, Маријан Колевски и Никола Марковски, учествуваа на третиот по ред COBISS ден 2026, кој се одржа на 12 ноември 2026 година во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.Настанот претставуваше значајна можност за стручно усовршување и запознавање со новитетите во системот COBISS, насочени кон осовременување на библиотечното работење и модернизирање на услугите за корисниците. Главните теми беа примената на вештачката интелигенција, системските иновации и новите функционалности и можности на апликациите COBISS Lib, COBISS Cat и COBISS Plus. Со поздравни обраќања настанот го отворија директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јовица Никчевски и директорот на Институтот за информациски науки (IZUM) од Марибор, Словенија, д-р Алеш Бошњак.Свои стручни излагања имаа Давор Брачко и Наташа Муркович од IZUM, Жаклина Ѓалевска, Валентина Дојчиновска Илиоска и Весна Бошева Русовски од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како и Елизабета Трпческа Петрушевска од Универзитетската библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово.

„Стекнатите знаења и искуства од обуката ќе бидат пренесени и споделени со колегите во Библиотеката во Битола преку внатрешна дисеминација и стручна размена, со цел нивна практична примена во секојдневното работење, поефикасно користење на системот COBISS и унапредување на квалитетот на библиотечните услуги“, истакнуваат од НУУБ. Св.Климент Охридски Битола.

Related Articles