Драмското студио при Дом на културата „Илинден“ – Демир Хисар настапи пред крушевската публика. Театарската претстава “Бегај еве ја жена ти” од Реј Куни и во режија на Благој Николов се одигра во Горната училишна зграда (Старото училиште), во соработка со Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ – Крушево.
Ова гостување претставува уште еден значаен чекор во поврзувањето на културните институции и размената на театарската уметност меѓу градовите.
“Благодарност до домаќините за топлиот пречек, одличната организација и укажаната доверба, како и до публиката која со своите аплаузи и позитивна енергија ја направи вечерта незаборавна”, истакнуваат од Драмското студио.

