На 7 -ми јуни, Театарската Школа Фабрика за Мечти при Интимен Театар, ќе има свое целовечерно претставување во НУ Народен театар – Битола.
Од 18часот, на големата сцена ќе се одигра претставата „КОЈ Е ТОМ СОЕР?“ од Марк Твен, во драматизација на Билјана Крајчевска, а во режија исто така на Крајчевска и Софија Ристевска Петрушева. Во оваа претстава учествуваат 19 дечиња од 5 до 13 годишна возраст.
Кореограф на претставата е Борис Богдановски, асистент режисер Валентин Дамчевски, музички соработник и тон мајстор Александар Талевски, светло мајстор е Томе Ѓорѓиевски, а дизајнот на плакатот го направи Надја Микар по цртежи на Евгенија Пипилевска.
Како што веќе напоменавме, претставата започнува во 18ч. на големата сцена на Народниот Театар Битола, а цената на билетот е 150 денари. Билети можат да се набават на самиот влез на Театарот, еден час пред почетокот на претставата.
Втората претстава ќе се изведе во 21часот, и тоа претставата „Д БРАЈДСМЕЈДС“, работена по пиесата “Пет жени во исти фустани” на Алан Бол. Режијата е на Софија Ристевска Петрушева и Билјана Крајчевска. Асистент на режија е Валентин Дамчевски, кореографијата е на Борис Богдановски, музички соработник е Александар Талевски, дизајн на светло Томе Ѓорѓиевски.
Во претставата играат девојките од тинејџерската група во школата и тоа:Ксенија Мно, Андреа Николовска, Ангела Караманди, Ангела Атанасовска, Катја Златевска, Илијана Питошка, Нина Троковска, Ева Цветкова, Лина Христовска, Теона Петровска, Ива Димковска, Теодора Марковска, Елеонора Блажевска.
Билетите можат да се купат пред влезот на театарот, еден час пред почетокот на претставата