По повод одбележувањето на Денот на македонската независност, 8 септември, под наслов „Македонски оскаровци“, Македонскиот културно информативен центар во Загреб, го започна патувачкиот Фестивал на македонски филм. На првата вечер беа прикажани филмовите „ДАЕ” на режисерот Столе Попов и МЕДЕНА ЗЕМЈА на режисерката Тамара Котевска. Фестивалот продолжува денес во Сплит во Центарот за култура ,,Златна врата”, со почеток од 19 часот.
Првиот филм кој ќе се прикаже денес е „Железна тврдина“ – еден навистина посебен филм. Насловот претставува директен превод на името на местото каде што се одвива приказната. Станува збор за Демир Хисар во Македонија, чие име на турски јазик значи „Железна тврдина“. Демир Хисар е најпознат по психијатриската болница што се наоѓа таму. Таму пристигнува американски режисер со желба да организира филмска работилница за штитениците на центарот за рехабилитација. Во филмот учествуваат самите штитеници на центарот, кои – и покрај огромните организациски предизвици – успеваат не само да го завршат проектот, туку и да го организираат „Оскарот од Демир Хисар“.На тој начин, филмот ги брише границите меѓу документарниот и играниот жанр, развивајќи го дејствието со хумор и леснотија, со цел да го олесни соочувањето со вистинската тема на делото – длабоките предрасуди, осудите и општествената стигматизација на менталните болести. Влезот за проекцијата е слободен.
Утревечер од 20 часот следуваат проекции на Етнолошки филмови:
Русалиски обичаи во Гевгелија, Документарен филм, Македонија1857/22’/црно-бел. Режија: Благоја Дрнков.
Велигденски обичаи, документарен филм, Македонија1954/20’/црно-бел. Режија: Вера Кличкова.
Мариовска свадба, документарен филм, Македонија1966/55’/во боја. Режија: Вера Кличкова.
12.09.2026 во 17:00 часот
Македонски оскаровци
ДАЕ (мајка), документарен филм, Македонија1979/16’/боја. Режија: Столе Попов
Медена земја, документарен филм, Македонија2019/90’/боја. Режија: Тамара Котевска, Љубомир Стефанов.
Патувачкиот фестивал на македонски филм се одржува во 12 градови низ Република Хрватска во текот на месеците септември и октомври. Публиката ќе има можност да ужива во значајните филмски достигнувања на македонските режисери и да ја почувствува важноста на македонската кинематографија и македонското филмско наследство.
