Home » Марија Цветановска ја претстави својата најнова песна „Кога те љубев“

Марија Цветановска ја претстави својата најнова песна „Кога те љубев“

by culturalchat

Битолчанката Марија Цветановска го промовираше својот најнов видео запис за песната „Кога те љубев“. Истиот е снимен во Народниот театар Битола. За музиката, текстот и аранжманот се погрижи Виктор Апостоловски. Тој стои и позади комплетната видео и аудио продукција.

Шминката е на Милена Апостоловска (GLOW by Milena), а главната машка улога ја игра Мартин Стрезовски.
„Навистина ми значи што можам да ја споделам најновата песна со сите вас. Се надевам дека ќе допре до вашите срца и дека секој од вас ќе пронајде дел од своите емоции во неа. Ви благодарам за поддршката и што сте дел од ова мое музичко патување“, истакнува Марија.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

 

 

Related Articles