Home » Државното музичко училиште од Битола издаде БИЛТЕН на реализирани активности за учебната 2025/2026 година

Државното музичко училиште од Битола издаде БИЛТЕН на реализирани активности за учебната 2025/2026 година

by culturalchat

Државното музичкот училиште од Битола го издаде првиот БИЛТЕН на реализирани активности за учебната 2025/2026 година. Оваа одговорна и значајна задача беше дадена во рацете на оние кои се гордост на училиштето— талентираните, паметни и исклучително вредни ученици, членови на Библиотекарската секција : Ангел Кулески – Кординатор на тимот, новинар I година, инструменталец, соло пеење, Јан Нечак – Новинар / автор на текстови
I година, инструменталец, соло пеење, Антонио Петкоски – Новинар / автор на текстови I година, инструменталец, хармоника, Антониј Кузманоски – Новинар / автор на текстови I година, теоретичар, хармоника, Маркијан Поповски – Новинар / автор на текстови I година, инструменталец, пијано.
Под будното око и стручно менторство на професорката по македонски јазик Вилма Костовска и професорката по италијански јазик Маја Марјановиќ Јовановска, овој прекрасен тим ја заврши својата задача на највисоко професионално ниво. Наместо само обичен преглед, тие создадоа ремек-дело кое ќе остави траен белег во историјата и работата на ДМУ – Битола за изминатава учебна година. Пасијата со која твореа, истражуваа и дизајнираа е вистински доказ дека иднината е во сигурни раце.
„Горди сме на нашите ученици“ истакнуваат од ДМУ и додаваат: „Им честитаме на учениците и нивните ментори за посветеноста, креативноста и беспрекорната работа. Вие сте инспирација за сите нас“.
Погледнете го БИЛТЕНОТ на линкот
https://go.fliplink.me/view/2F8160B2-9539-4C7B-B2BE-6D49D47B246B

Related Articles